Економија, финансии, бизнис

Контакт

И „Златната копачка“ оди за ...

И „Златната копачка“ оди за ...

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез ја доби за втор пат во својата кариера наградата „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа за минатата сезона.

Уругвајскиот фудбалер постигна 40 гола за каталонците минатата кампања.

Суарез го освои за прв пат одликувањето во сезоната 2013-14, откако постигна 31 погодок со Ливерпул.

- Сакам да им се заблагодарам на сите во Барселона за оваа награда. На тренерот Луис Енрике, на соиграчите ... Играм со најдобрите, оваа награда е и нивна. Головите ми се колку лично достигнување, толку и плод на тимски напор, прокоментира Суарез.

На церемонијата присуствуваа децата на Суарез и неговата сопруга.

Исто така присуствуваа четворица капетани на Барселона, Андрес Иниеста, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Хавиер Маскерано.



Слично

Поврзани вести