Економија, финансии, бизнис

Контакт

И вработени во Народна банка дел од заложничката драма во Сараево

И вработени во Народна банка дел од заложничката драма во Сараево
Двајцата претставници од македонската народна банка и вице-гувернерката Маја Кадиевска Војновиќ утрово беа  блокирани во парламентот во Сараево, откако неколку илади демонстранти го опколија поради одложувањето на носење закон за матичните броеви на граѓаните и основање на фонд за помош на болните деца. Состојбата ескалираше откако едно девојче , поради тоа што не добило матичен број не можело да се испрати на лекување во странство. Денеска специјалната полициска единица ги прекина блокадите пред парламентот и ослободи стотина заробени парламентарци и високи гости на годишната конференција на фондот за Југоисточна Европа. Како што потврди гувернерот Димитар Богов, македонските претставници се добро и веќе се вратиле во Македонија.
Слично

Поврзани вести