Економија, финансии, бизнис

Контакт

„И во Македонија се може“- Универзитетот ФОН продолжува со стипендии за средношколците од 3 и 4 година

„И во Македонија се може“- Универзитетот ФОН продолжува со стипендии за средношколците од 3 и 4 година

Веќе 13 години Универзитетот ФОН ја спроведува кампањата за стипендирање на најдобрите средношколци - „И во Македонија се може“.

Стипендистите кои биле дел од оваа кампања се добитници на награди од Обединетите нации, Светска банка, Микрософт, Хјулит Пакард. Истите работат во Европската Комисија, како млади истражувачи на светски универзитети, меѓународни и домашни компании и институции.

Идните стипендисти и студенти во текот на нивите студии ќе бидат менторирани од страна на професорите и претставници на компаниите а првите вработувања се очекуваат во текот на самите студии.

Право на аплицирање имаат сите средношколци во 3та и 4та година кои се запишани во средните училишта во Македонија.

Аплицирањето е online на интернет страницата на ФОН или директно на овој линк:http://fon.edu.mk/novost.aspx?ln=mk&cid=372 

Слично

Поврзани вести