Економија, финансии, бизнис

Контакт

И утре неколку скопски населби без струја

И утре неколку скопски населби без струја

Од 06 до 07.30 часот утре без електрична енергија ќе бидат дел од  корисниците од село Чучер-Сандево, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Во периодот од 08.30 до 10 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од Горно Лисиче и улицата „Божин Николов“ во општина Аеродром. Од 08.30 до 13 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од улица „Пајак“, поточно корисниците од станбените објекти од бр.12 до бр.20 во општина Центар.

Без струја од 09 до 11 часот ќе останат корисниците од улиците бр.31 и 33,  лоцирани во близина  на игралиштето „Бранители“ во Волково, општина Ѓорче Петров. Од 09.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од село Горно Нерези, лоцирани во близина на црквата и џамијата во селото.

Во периодот од 10 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „52“ во Стопански Двор, лоцирани во близина на обиколницата.

Прекините биле планирани поради инвестициски зафати за подобрување на мрежата, соопштуваат од ЕВН Македонија.

 
Слично

Поврзани вести