И наша Преспа има песочни плажи: Не „трчајте“ кај соседите и ова лето уживајте си дома
Секоја година летувате во Грција, Бугарија, Црна Гора само поради тоа што Македнија нема море и песочни плажи?
Море можеби немаме, ама затоа имаме езеро со песочни плажи .
Токму затоа годинава ви предлагаме да летувате во Преспа. Таму може да се разладувате во водите на истоименото езеро а да уживате на плажата со најситен песок во земјава. А факт е и дека ќе си поминете поевтино отколку кај соседите.

Плажата Конект лани беше спектакуларно отворена а богами имаше и голем број на туристи кои решија одморот да го поминат токму таму.

Па затоа доколку летово планирате да го поминете во Преспа сигурни сме дека ќе имате убав одмор на плажите Сливнца, Конект и Дупени.

Слично
