Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Македонија ќе готви по рецепт на Џејми Оливер

И Македонија ќе готви по рецепт на Џејми Оливер
Македонија утре се приклучува на Денот на револуција во исхраната (Food Revolution Day) што го организира Фондацијата за Храна на познатиот британски готвач Џејми Оливер. Вкупно 300 деца во градинката „Срничка“ во Аеродром ќе го готват рецептот Зеленчукова палачинка Виножито. Во готвењето ќе им се приклучи и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, како и Маја Лазаревска, амбасадор на Фондацијата за Храна на Џејми Оливер во Македонија. Истиот рецепт ќе го подготвуваат и 100 деца во Основното училиште „Владо Тасевски“.Ова е рецептот што децата ќе го подготвуваат: Платформата Food Revolution e основана во 2010 година, како кампања и борба против епидемијата од дебелина и болести чиј причинител е исхраната. Tаа претставува движење што овозможува луѓето кои сакаат добра и здрава храна да дојдат и заедно да споделат информации, да го пренесат своето знаење и вештини и со тоа да придонесат за оживување на традиционалните погледи за приготвување на храната. Идејата е да се создаде едно светско движење кое ќе инспирира промени во навиките во исхраната на луѓето притоа промовирајки мисија за подобра храна и едукација за вачноста на храната на сите заедници и возрасти.
„И покрај тоа што главниот фокус ќе биде на децата, не е целта само тие да бидат вклучени во оваа иницијатива. Како и претходните години, целта е амбасадорите да ги поттикнат членовите на заедницата да организираат настани дома, во школите, на работа и во пошироката заедница – пикници, тури по продавници за храна, вечери и часови за готвење – со фокус на добрата и здрава храна и со цел споделување информации и вештини. Целта е да се искористи денот и за подигнување врева околу важноста од добри училишни програми за храна како здравата храна во училишните кујни или за вопоставување контакт и иницирање промени поврзани со храна кои сметате дека се важни“, вели за Фактор Маја Лазаревска.
Во соработка со Општина Кратово и Делчево во следните денови планирано е да се оддржи Food Revolution Caravan каде ќе се влучат заедно сите деца од локалната заедница и семејства од Скопје и сите заедно ќе имаат можност да се дружат, да готват, да посетат органски локални фарми да работат на истите со цел децата да се запознаат со процесот кој е потребен храната да стигне до нивните трпези. На светско ниво, сите амбасадори во рок од 24 часа ќе се обидат да влијаат глобално за промена на перцепцијата кон здравата исхрана, а рецептот на Џејми Оливер за здравата Зеленчукова палачинка Виножито ќе се приготвува во повеќе земји. Б.А.
Слично

Поврзани вести