И „Екстра Меин“ бара да се најде одговорниот за листерија
Надлежните служби да не го манипулираат министерот за здравство Никола Тодоров околу резултатите за испитувањата на присуството на бактеријата листерија, бараат од компанијата „Екстра Меин“.
„Ги поддржуваме напорите на министерот за здравство Никола Тодоров конечно да влеземе во разрешница на мистеријата за фамозната бактерија. И ние, како најзасегнати, најмногу од се сакаме да знаеме кој е изворот на листеријата. Во целиот хаос од импровизации, волунтаризми и фингирања на одредени институции, сигурни сме само во едно - изворот не е во Екстра Меин!“, реагираат со соопштение од фабриката.Тодоров вчера изјави дека нема сомнение оти изворот на опасната бактерија е единствен и тој е во производите на „Екстра Меин“, објаснувајќи дека резултатите од контролите во фабриката биле негативни затоа што машините и просториите биле „буквално потопени во средства за дезинфекција“. Од фирмата, пак, бараат министерот Тодоров да ги расчисти „импровизациите на првите луѓе-специјалисти во случајот листерија во рамките на законот“, бидејќи некој ќе мора да одговара за направената штета.
„Настрана сите пропусти во водењето на процедурите, кои ги има многу и кои се и тоа како клучни во водењето во погрешна насока на целата приказна со листеријата, ги повикуваме институциите да проверат која лабораторија во Република Македонија има акредитирана метода за генотипизација. Ова може лесно да се провери во Институтот за акредитација и на Факултетот за ветеринарна медицина на Република Македонија, за тоа кои лаборатории и за што се сертифицирани и акредитирани. Нема ниту една акредитирана метода за генотипизација. Тоа го знаат и го потврдуваат сите експерти во оваа област“, тврдат од компанијата.Од „Екстра Меин“ сметаат дека неинформираноста на Тодоров за ова се должи на погрешните информации што тој ги добивал од претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Звонко Миленовиќ и од д-р Флорентина Ристовска - Шурбевска, од Одделот за санитарна микробиологија при центарот за Јавно здравје во Велес.
Слично
