И додека сите „бегаат“ по работа во Германија, никој не помислува каде е најдобро!
Данска, Норвешка и Костарика. Тоа е триото земји во кои работниците се најсреќни со условите и најзадоволни од осносите на работното место.
Ова е резултатот од овогодишниот индекс на среќа на работната сила, кој шведскиот Институт Универзум Акцес го мерел кај повеќе од 200 000 „млади професионалци“ во 57 земји од светот.
Во источна Европа, најсреќните работници ги има Унгарија која е на 9 место. Ја следи Шведска, додека работниците во најсилната економија, Германија се на 11 место.
Данска на врвот се вивна од 4 место лани. Поради еднаквата распределба на моќ, компании со повеќе од 35 вработени остваруваат места во управата на работниците кои ги имаат сите права како и други менаџери, се опишува во извештајот.
И додека Скандинавците доминираат (четврти се Швеѓаните), средноамериканската Костарика е како натрапник. Таму работниците се спокојни поради добрите туристички резултати и силен извоз на житарици.
