И Ајнштајн бил аутистично дете! Млекара Здравје Радово со поддршка за децата со аутизам
Многу луѓе имаат здравствени проблеми кои не можат да ги решаат, но затоа може да им се помогне. Едни од нив се и децата со аутизам.
Во нашата држава многу малку се знае за оваа болест од која боледувал и генијалниот Алберт Анштајн. Со искрени намери, како дел од својата платформа за општествена одговорност, компанијата Здравје Радово одвои финансиски средства со цел да се поддржуваат активностите и проектите на Здружението на граѓани „Во мојот свет“ со цел да се подигне јавната свест за оваа болест за помош на аутистичните деца.
Млекара Здравје Радово е позната по производство на здрави млечни производи кои ги содржат сите потребни состојки што се неопходни за правилен раст и развој на децата, а исто така се балагодет и за возрасните.
„Секоја компанија сметам дека треба да одвојува средства за хумани цели. Сите треба да бидеме одговорни кон ова општество, и како поединци и како компании. Не рекле џабе раката што дава не се суши и така е. Затоа мора да постојат луѓе или компании кои би финансирале проекти за подигање на јавната свест за одредени болести, за да може да се превенираат и во најраната возраст“ - вели Јован Дабовски, директорот на Млекара Здравје Радово.
Слично
