Економија, финансии, бизнис

Контакт

И 90 дена се премалку за бесплатен роаминг, ЕУ под тешки критики

И 90 дена се премалку за бесплатен роаминг, ЕУ под тешки критики
Европската комисија ќе го повлече неодамнешниот предлог со кој се предвидуваше корисниците во рамки на ЕУ да користат бесплатен роаминг во период од 90 дена со тоа што на овој начин би се спречиле злоупотреби и би се заштитиле телекомуникациските оператори, но тоа сепак не и се допадна на јавноста која упати жестоки критики. Токму затоа претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер побара предлогот да се повлече и да се изработи нов затоа што не му се допаднал. Идејата на регулаторите е да се овозможи ослободување од роаминг додека сте на летен одмор или пак патувате, па сметаат дека рокот од 90 дена или 60 дена од првото пристигнување се сосема доволно. Граѓаните се жалат ако има ограничувања бидејќи тоа воопшто и не е дел од планот кој предвидува целосно бесплатен роаминг, односно наплата според важечките тарифи за телефонски повици, СМС пораки и мобилен интернет од јуни 2017-та. Предлогот исто така не им се допадна на операторите бидејќи сметаат дека рокот е предолг и тие воопшто не би можеле да воспостават заштини цени за роаминг услуги кое се многу поскапи. Балканските земји по иницијативата на Агенцијата за електронски комуникации треба да постигнат договор за ново намалување на цените во роаминг и Албанија, Црна Гора, Босна, Србија и Косово треба да го следат Европскиот пример. Укинувањето нема да важи за земји кои не се членки на ЕУ, но тоа може да го избегнете доколку купите СИМ картичка од оператор на територијата на ЕУ.  
Слично

Поврзани вести