Економија, финансии, бизнис

Контакт

HYPNOTIZED ги размрда фолкерите и рокерите на ПИВОФЕСТ

HYPNOTIZED ги размрда фолкерите и рокерите на ПИВОФЕСТ

Вистинско освежување на овогодинешниот ПИВОФЕСТ во Прилеп претставуваше настапот на белградскиот состав HYPNOTIZED. Иако фестивалот оваа година понуди претежно поп програма, HYPNOTIZED со изведбата на фолк кавери во хардкор фазон, ги задоволи потребите и на фолкерите и на рокерите истовремено.

HIPNOTIZED

Бендот е концертно активен од самите почетоци, со одлични настапи  низ целиот регион. Познати по своите енергични рок настапи и провокативни текстови,   HYPNOTIZED не престануваат да ја изненадуваат публиката и секојдневно  да добиваат нови фанови.

Во Прилеп имавме можност да уживаме во HYPNOTIZED, кои настапија во состав Илија Шетка - вокал, Никола Хистери - вокал, Ѓорѓе Алемпиќ - гитара, Андреја Јовановиќ - тапани, Марко Галван - бас и Дејан Јањиќ - гитара.

Слично

Поврзани вести