Хуманитарни пакети за корисниците на социјална помош од Центар
Сите 202 корисници на социјална парична помош, жители на оваа општина Центар денеска добија хуманитарни пакети. Доделувањето на пакетите, кои содржат прехранбени продукти, е предвидено со Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца.
Пакетите се во вредност од околу 2.000 денари и содржат основни прехранбени продукти - брашно, шеќер, масло за јадење, млечни и сувомеснати производи.
Општина Центар на корисници на социјална парична помош овој месец треба да им додели и огревно дрво.
Слично
