Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХУМАНИТАРНАТА ТРКА ЗЕГИН СПЕКТРАТОН УШТЕ ЕДНАШ ГИ ОБЕДИНИ ГРАЃАНИТЕ СО ЕДНА ЦЕЛ

ХУМАНИТАРНАТА ТРКА ЗЕГИН СПЕКТРАТОН УШТЕ ЕДНАШ ГИ ОБЕДИНИ ГРАЃАНИТЕ СО ЕДНА ЦЕЛ

Вчера Општина Аеродром по трет пат пулсираше во ритамот на хуманоста и спортскиот дух. Повеќе од две илјади граѓани истрчаа километри полни љубов и разбирање, а децата уште еднаш покажаа дека овој настан е во вистинска смисла на зборот-“Трка на херои во сите бои” и храбро истрчаа во име на хуманоста, љубовта и свет еднаков за сите.

Од третото издание на трката “Зегин Спектратон- Трка на херои во сите бои” која е во организација на компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска, вкупно ќе бидат донирани околу 50.000 евра од кои 18.000 евра беа собрани од котизациите на сите пријавени учесници, а Фондацијата Д-р Верица Механџиска дополнително ќе ги донира останатите средства со кои оваа година ќе бидат помогнати неколку здруженија и тоа:

Здружение Специјална Олимпијада – Македонија- Проект за инклузивни спортски активности за лица со нарушување од спектарот на аутизам и интелектуална попреченост.

Здружение за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“- Проект за поддршка на родители на деца со аутизам во процесот на остварување на права, обезбедување соодветни услуги и примена на алатки за асистивна технологија, алтернативна и аугментативна комуникација

Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“- Проект: Изградба и опремување на креативен центар за невродивергентни лица во Куманово

Организаторите со гордост изјавија дека Зегин Спектратон станува сè попопуларен настан и изразуваат благодарност до сите граѓани и компании кои сè повеќе ја препознаваат и поддржуваат оваа иницијатива чија цел е да се помогне на лицата со аутистичен спектар.  Ваквите настани се показател дека општествената одговорност треба да биде важен сегмент на сите компании и поединци кои можат во голема мера да помогнат за подобрување на квалитетот на животот на оние на кои им е најпотребно.

ПР објава

Слично

Поврзани вести