Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хуманитарна трка за основање на центар за Вилсонова болест

Хуманитарна трка за основање на центар за Вилсонова болест

Основање на регионален центар за поддршка на заболени од Вилсонова болест е целта на втората хуманитарна штафетна трка Подај рака 2016.Трката е организирана од Здружението на граѓани за лица со ретка болест Вилсон – Македонија, со финансиска поддршка од компанијата ОКТА. Средствата од котизацијата ќе бидат наменети за создавање на центарот кој ќе им користи и на заболените и нивните семејства, но исто така и на медицинскиот персонал за вмрежување и добивање повеќе информации за болеста. Воедносо одржување на трката ќе биде одбележан и меѓународниот ден за зголемување на свесноста заболеста.

Вилсонова болест е ретка и затоа нема доволно знаење, информации и развиена свесност за истата. Болеста доведува до нарушување на метаболизмот преку кое се таложи бакар на црниот дроб, мозокот и очите. Со оглед на тоа што бакарот може со години да се таложи во црниот дроб, болеста се открива доцна, од 6-20 години, а последиците од ненавремен третман со терапии се фатални за заболените.

Хуманитарната штафетна трка, 4х1000 метри ќе се одржи на 15 октомври, сабота, во 11:00 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот кај Хотел Александар Палас. Секој тим се состои од 2, 3 или 4 учесници и може да е мешан - машки и женски. Вкупната должина што секој тим треба да ја измине е 4000 метри. Трката има и симболичен натпреварувачки карактер во категориите семејство и пријатели или за корпоративни тимови.

Цената за регистрација за штафетната трка изнесува 600 денари по тим. Секој учесник има можност да купи и маичка со лого на настанот по цена од 200 денари. Заинтересираните за учество во акцијата може да се регистрираат наследниот линк:https://www.smartrace.club

Во рамките на настанот ќе се организира и детска штафетна трка на 7 минути за деца до 12 години. Учеството во детската трка е бесплатно.


Слично

Поврзани вести