Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хуманитарна акција на OKTA и Црвениот крст на Скопје

Хуманитарна акција на OKTA и Црвениот крст на Скопје
Црвениот крст и здружението на жени кои функционираат во рамките на ОКТА, во соработка со Црвениот крст на Скопје, иницираат хуманитарна акција со која вработените во рафинеријата заедно со своите семејства ќе донираат облека, обувки, постелнини, книги, покуќнина, детски играчки и се што може да им помогне на најсиромашните семејства кои живеат во тешки услови. Вработените на ОКТА во следните недела дена ќе имаат можност да донираат, а собраните работи ќе бидат доставени во Црвениот крст на Скопје, од каде ќе бидат дистрибуирани таму каде што има потреба.
„Активното учество на вработените во оваа акција претставува значаен придонес во напорите на Окта за создавање на подобар свет. Големиот одзив на вработените е најдобар доказ за постоењето на хуманост, взаемност и солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на најранливите категории граѓани. Се надеваме дека оваа хуманитарна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест за помош на најзагрозените семејства, кои најчесто се повеќечлени домаќинства и на кои секоја донација им е добродојдена”, изјави Дејан Стојковски, претседател на Црвениот Крст за ОКТА.
Оваа донација е само еден од низата чекори кои ги презема ОКТА за обезбедување подобри животни услови и посигурна иднина за оние кои имаат потреба од помош. Затоа ОКТА и понатаму ќе презема активности кои ќе имаат за цел подобрување на квалитетот на животот на населението, посочуваат од компанијата.
Слично

Поврзани вести