Huawei Watch GT 3 - Класичен и модерен часовник за сериозни чекори
Љубителите на смарт часовници повеќе не треба да се грижат дека овие мобилни уреди не се доволно елегантни и пристојни како модни додатоци, функционални парчиња технологија и стилски надградени за комплетирање на аутфитот.
Со класичниот изглед на новите смарт часовник Huawei Watch GT 3 воопшто ќе немате такви дилеми. Ние го разгледавме 46 милиметарскиот модел со метално ременче кој потсетува на класичните часовници. Изгледот го надополнува напредната технологија на Huawei и издржливоста на батеријата.

Класика за заокружување на стилот
Со класичниот изглед на Huawei Watch GT 3 нема да погрешите со ниту една деловна комбинација на облека. Совршено би се вклопил во аутфит со одело или кошула, чевли и капут, а соодветен е и за кежуал варијанта на облекување.
Предноста на Huawei Watch GT 3 е што може да го смените ременчето во било кое време. Huawei нуди четири различни материјали на ременчиња од метал, кожа, гума и платно. Секој материјал си има своја специфика, од класика до спорт или фитнес впечаток. Се зависи од преференциите на самиот корисник.
Замислата на Huawei Watch GT 3 е да биде универзално решение кое не познава возраст, пол, животен стил или професија, туку се прилагодува на потребите на корисникот.
Класичната верзија на ременчето и металик изгледот уште подобро се комбинираат со различни формати на лицето на часовникот, па така често може да ги менувате и да добивате сосема нешто ново, свежо и впечатливо.

Сериозно добра батерија
Една од главните дилеми за секој корисник кога планира каков смарт часовник да набави е колку често ќе треба да го полни. Ако веќе се навикнавме телефоните да ги полниме најмалку еднаш дневно или преку ден, тогаш со употребата на Huawei Watch GT 3 тој ритам може да се промени.
Батеријата на смарт часовникот трае две недели, се полни безжично, а може да позајмите енергија за полнење и преку смартфонот.
Поврзувањето на Huawei Watch GT 3 со вашиот смартфон оди преку Bluetooth конекција и инсталирање на мобилната апликација Huawei Health со што полесно ќе ги менаџирате сите процеси.
Часовникот потоа ќе ви служи за приказ на телефонски повици и нотификации. Така и поретко ќе го отклучувате смартфонот за да видите што има ново и комбинираната потрошувачка на енергија ќе се намали.

Ваш мотиватор за повеќе
Практично е невозможно да бидете пасивни со смарт часовник како Huawei Watch GT 3. Дури и да не сте спортски тип со над стоте режими за следење на вежбањето и физичките активности сигурно ќе сакате да се активирате. Тоа може да биде и повремено џогирање, пешачење, пливање.
Било која физичка активност со часовникот ќе значи и поголема мотивација за постигнување повеќе резултати. Сите ваши движења во текот на вежбата ќе бидат прецизно измерени и ќе знаете колкав напор треба да вложите.
Huawei Watch GT 3 ќе се грижи за вашето здравје и добросостојба преку повеќе различни функции. Дел од нив се мерење на пулсот и работата на срцето додека мирувате и кога сте во движење. Апликацијата за следење на сонот може да ви помогне да ги подобрите навиките за спиење.
Часовникот ја следи сатурацијата со кислород во крвта, телесната температура и може да ви послужи за анализа на тренинг и трчање на отворено со прецизни анализи за потрошени калории, ви дава насоки за темпото и ви прави архива на изминатите вежби за да направите споредби.

Финални импресии
Huawei Watch GT 3 не е само обичен гаџет кој еднаш ќе го активирате, малку ќе ви биде интересен, а потоа ќе го заборавите.
Овој смарт часовник е наменет за долготрајна употреба. Стилски изгледа одлично, вештачката интелегенција на софтверот и вградените сензори прават да се потпрете на неговите услуги и мониторингот на виталните функции.
Одлично се надополнува со било кој смартфон во делот на нотификации што ќе ви заштеди многу време додека ги завршувате работните обврски, а додека сте на состаноци ќе знаете во секој момент преку Huawei Watch GT 3 дали некој ве бара, дали стигнал нов мејл или порака и ќе може брзо да одговорите.
Цената од околу 250 евра исто така ги оправдува сите карактеристики на Huawei Watch GT 3 како смарт часовник за сериозни чекори.
ПР Објава