Huawei Watch GT 2 Pro - Време е за нешто елегантно и прецизно
Дали би сакале часовник кој може постојано да го менува
стилот преку изборот на приказ на стрелките, уред кој има феноменално тело,
вистински премиум квалитет на градба и најмодерни смарт функции? Ако одговорот
е да, тогаш сметаме дека новиот Huawei Watch GT 2 Pro е правиот смарт часовник
за вас.
Huawei Watch GT 2 Pro уште првиот пат кога ќе го заврзете на раката ќе се уверите дека користите навистина премиум часовник. Едноставно часовникот прекрасно легнува на зглобот, особено тие со поголеми раце ќе уживаат во димензиите на Huawei Watch GT 2 Pro со ременче од 46 милиметри. Тие што имаат потенок зглоб ќе може да го затегнат ременчето, па така смарт часовник би одговарал според димензиите на секаков вид на корисници.

Елеганција со моќен финиш
Huawei GT Pro 2 како што веќе наведовме не освои уште првиот пат кога го заврзавме на раката. А, тоа со часовник веднаш се забележува, или знаете дека е квалитетно изработен, или евтина копија со недоволно добро изработени елементи. Huawei Watch GT 2 Pro нуди најпрво сафир како заштита на стаклото. Тоа гарантира дека уредот нема да се гребе и оштетува при удари или допир со груби површини. Во речиси двенеделниот период кој го имавме на располагање за тестови на Huawei Watch GT 2 Pro може да потврдиме дека часовникот нема ниту микро гребнатинка.
Овој смарт часовник доаѓа во црна и сива боја. Сивиот модел кој ние го тестиравме изгледа многу елегантно, со суптилен израз и впечатлива форма. Самата боја е доволно неутрална за да може да ја комбинирате со различен вид на облека, од палта и капути до кошули, со поспортски блузони и тренерки.
Huawei Watch GT 2 е совршен за дневни активности, деловни состаноци, но и за ноќни излегувања и дружби. Таа комбинација на елегантно и кежуал го прави Huawei Watch GT 2 Pro топ избор за часовник во повеќе пригоди. Задниот дел кој е во контакт со вашата рака е изработен од керамика која веднаш ви дава чувство на премиум квалитет, а куќиштето на часовникот е изработено од алуминиум.

Поврзување и функции
Huawei Watch GT 2 Pro е зачудувачки колкав број на функции има на располагање, од следење на виталните знаци на корисниците, режими за фитнес и спортување, како и бројни можности за прием на нотификации и самостојна работа.
Часовникот може да го поврзете речиси со било кој смартфон преку Bluetooth конекција, а за повеќе функции и поврзана работа треба да ја инсталирате апликацијата Huawei Health. Така на вашиот смартфон ќе имате целосен мониторинг на состојбата на часовникот, да симнувате нови позадини, да водите евиденција за резултатите од здравствените и фитнес параметри, да добивате редовни извештаи и софтверски надградби за Huawei Watch GT 2 Pro.
Поврзувањето со смартфон е одличен додаток. Додека сте на пример на состанок, ќе добиете нотификации за пристигнати пораки, мејлови, потсетници и секаков вид на известувања од смартфонот. Така ќе нема потреба да гледате во телефонот ако не може да го прекинете состанокот, или пак додека сте во движење доволно е да го свртите зглобот, да видите кој ве бара или пишува, па потоа да одлучите да го извадите телефонот од џебот.
Ако го поврзете смарт часовникот со Bluetooth слушалка ќе може да примате и телефонски повици, како и да слушате музика. Со Huawei Watch GT 2 Pro може и да управувате со камерата на смартфонот.

Батерија која трае и трае
Huawei Watch GT 2 Pro располага со батерија која со едно полнење трае дури две недели непрекината работа. Часовникот се полни безжично преку магнетниот Qi стандард. Лежиштето на полначот може да го поврзете со било кој полнач за смартфон кој го имате на располагање под услов да има USB C влез.
Кога ќе го активирате Huawei Watch GT 2 Pro може да изберете Always on вклучен дисплеј за постојано да го прикажува времето и основните податоци. Ако одберете пак, екранот да не биде постојано активен, со вртење на зглобот кон вас ќе се активира часовникот за да видите колку е часот и дали ви пристигнале нови нотификации.

Елеганција и активност
За Huawei Watch GT 2 Pro може да се каже дека е одличен часовник кој ќе одговара подеднакво и на тие со поелегантен вкус, како и за тие кои се физички поактивни и сакаат поспортски уред. Со Huawei Watch GT 2 Pro ги добивате и двете во едно куќиште. Часовникот има дури и посебен режим за следење на вашето движење на пример кога планинарите преку GPS, а може да ви биде фитнес придружник и кога сликате со приказ на сите неопходни информации.
Како напреден часовник со бројни функции за олеснување на организацијата на денот и обврските, Huawei Watch GT 2 Pro е топ избор и за бизнис уред кој одлично ќе го надополни вашиот смартфон, особено кога не сте во состојба активно да го користите мобилниот уред.
комерцијален текст
