Економија, финансии, бизнис

Контакт

HUAWEI ги претстави новите уреди во Виена

HUAWEI ги претстави новите уреди во Виена

На настанот беа претставени долгоочекуваниот паметен телефон HUAWEI nova 9, новиот паметен часовник HUAWEI Watch GT 3 и лимитираното издание на HUAWEI FreeBuds Lipstick

На голем настан во Виена на 21 октомври, HUAWEI го претстави долгоочекуваниот паметен телефон - nova 9, кој ќе го израдува секој љубител на фотографијата и стилскиот дизајн. Покрај него, на настанот беа претставени и новиот паметен часовник HUAWEI Watch GT 3 и лимитираното, лајфстајл издание на безжичните слушалки HUAWEI FreeBuds Lipstick. Од официјалната сцена, Дерек Ју, претседател за Централна и Источна Европа, Северна Европа, Канада и Турција на Huawei Consumer Business Group, исто така, се осврна и на деловните резултати на компанијата. Според прогнозите, добрите резултати постигнати од HUAWEI во 2020 година се очекува да се повторат и оваа година. Досега, компанијата оствари приход од 43 милијарди евра, со нето профитна маржа од 9,8%, а приходите на Consumer Business Group достигнаа 18.2 милијарди евра.

Секоја година, HUAWEI инвестира повеќе од 10% од своите приходи од продажба во истражување и развој. Во текот на изминатите десет години, инвестициите за R&D надминаа 96 милијарди евра. Континуираниот раст на компанијата ја гарантира нејзината силна позиција на пазарот. Според рангирањето Fortune 500, Huawei е на 44-то место во август 2021 година, што претставува зголемување со поместување на 5 позиции напред во споредба со 2020 година. Исто така, компанијата постојано ја развива својата мрежа на физички продавници. Доказ за тоа е новоотворената продавница во Виена, Австрија, отворена на 20 октомври, комбинирајќи ги силните страни на компанијата - дизајн и модерна технологија.


„Континуираниот раст е важен за компанијата“, вели Дерек Ју. „Ние постојано се стремиме да ги најдеме и развиваме најдобрите решенија за да ги интегрираме во нашите производи и да ги исполниме очекувањата на нашите клиенти. Исто така, имајќи ги предвид истите, отвораме нови продавници, кои не само што се доказ за нашата континуирана инвестиција, туку и овозможуваат поблизок контакт со брендот. До крајот на 2020 година, Huawei имаше скоро 60.000 продавници и дисплеи во малопродажба низ целиот свет, вклучувајќи повеќе од 5.000 физички продавници, и ние продолжуваме да растеме.“

Слично

Поврзани вести