Економија, финансии, бизнис

Контакт

HTC набрзо ќе донесе Android L на своите One уреди

HTC набрзо ќе донесе Android L на своите One уреди

 Google вчера најави Android Ldeveloper preview кој ќе биде достапен за превземање уште утре, но новата верзија на оперативниот систем ќе биде завршена дури за неколку месеци. Судејќи по се изгледа ќе потрае додека не биде објавена на самите смартфони, но HTC веќе ги контактираше медиумите со желба да им донесе добри вести.

Имено, тие нема да го продолжат овој период на чекање многу после Google-овата официјална објава на новите верзии на мобилнот оперативен систем. Доколку имате  HTC One (M8)  смартфон или минатогодишниот One ќе можете да очекувате ажурирање на  Android L платформата во рок од 90 дена од кога HTC ќе ја добие финалната верзија на софтверот од Google. Набрзо после тоа, се очекува и останатите членови на One фамилијата уреди да добијат свои ажуиррања.

 
Слично

Поврзани вести