Хрватските шеќерани бараат Србија да дозволи извоз на шеќерна репка
Хрватските производители на шеќер бараат Србија да ја укине забраната за извоз на шеќерна репка. Според проценките на хрватските шеќерани, загубата од ваквата мерка, ќе ги чини повеќе од 10 милиони евра. Тие апелираат до хрватското Министерството за земјоделство, да ги преземе сите мерки за да ја натера Србија да ја укине мерката, а во тоа да помогнат и надлежните органи од Европската Унија, на тој начин што ќе го забранат извозот на српскиот шеќер на европските пазари.
Слично
