Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКИ КОШАРКАР ВО ЦЕНТАРОТ НА МАСАКРОТ: Го спасила случајност

ХРВАТСКИ КОШАРКАР ВО ЦЕНТАРОТ НА МАСАКРОТ: Го спасила случајност

Кошаркарот Дамир Маркота бил сведок на масакрот за време на новогодишната ноќ во Истанбул. 

Сепак имал среќа и случајноста помогнала да се спаси и да не загине во нападот. 

„Никогаш во животот не сум бил толку исплашен како тие неколку часа и се заледив. Паника е благ збор за она како се чувствувавме јас и сопругат“ - вели Маркота. 

Раскажува дека иако планирале да бидат во клубот каде се случил нападот, сепак во последните минути се премислиле и заминале во друг клуб на стотина метри оттука. 

„Ѕвонев на пријател кој работи таму, но бидејќи не се јавуваше, јас и сопругата застанавме под една автобуска надстрешница затоа што врнеше и чекавме. Тој не се јави и ние заминавме во друг клуб“ - додава тој. 

По 10 минути и во другиот клуб ја прекинале музиката, сите почнале да бегаат и сфатиле дека има напад. Биле среќни затоа што се живи, но сепак Новата година поминала празно. 



Слично

Поврзани вести