Хрватска остана без една третина од пченицата
Родот на пченица во Хрватска годинава е послаб за 29% или за околу една третина во споредба со лани, покажаа податоците на хрватскиот Завод за статистика.
Се проценува дека годинава родот на пченица во Хрватска ќе изнесува 710.000 тони, а намален род се очекува и на јачмен и зоб. Единствено поголемо производство Хрватите очекуваат од маслодајната репка.
Приносите на јачмен се проценува дека ќе бидат послаби за 16%, а на зоб за 5% во однос на лани. Како главна причина за намалениот род годинава се нагласуваат исклучително лошите временски услови и појавата на болести кај растенијата.
Слично
