Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска и Србија не се договорија за извозот на шеќерна репка

Хрватска и Србија не се договорија за извозот на шеќерна репка
Србија останува на Одлуката за забрана за извоз на соја, сончоглед и шеќерна репка, која што трае до крајот на годинава. Со ваков одговор упатен до Хрватска, излезе деновиве српското Министерство за трговија. Според српското министерство, Уредбата за забрана за извоз е во согласност со ЦЕФТА и со член 11 од статутот на СТО со кој се регулираат квотите за извоз. Хрватското надлежно министерство, пак најави дека ќе ги искористи останатите можности што ги нуди ЦЕФТА, за укинување на ваквата Уредба.
Слично

Поврзани вести