Хрватска бара лекари, пилоти, сезонски работници
Многу лекари ја напуштија земјата во потрага по подобра работа, па во Хрватска се потребни помеѓу 900 и 4000 лекари.
Се бараат и сезонски работници кои ќе работат на плантажите со јаболка, винова лоза, но и 35 масери за специјални видови масажи. Хрватска одлучи да „увезе“ 24 пилоти, 10 стјуардеси, 14 балетани, 3 оперски пејачи, по еден солист и диригент. Одобрени се и 10 дозволи за туристички аниматори. Штом одлуката на Владата за квотите ќе стапи на сила, тоа значи дека уште денеска во Министерството за внатрешни работи ќе можат да се поднесуваат барања.
Во државата има голем број на невработени, но никој не сака да работи како овчар и затоа се пуштени и 20 дозволи за овчари.
Слично
