Економија, финансии, бизнис

Контакт

Храброста ги урна бариерите – корупцијата падна на најниско ниво

Храброста ги урна бариерите – корупцијата падна на најниско ниво

Неверојатна пресвртница покажуваат најновите статистички податоци за корупцијата во земјава – падната е на најниско можно ниво во последниве 10 години. По повеќегодишна долга и упорна борба и соочување со системски проблеми, еден од најголемите општествени непријатели е искоренет од сите пори на општеството. Нула проценти корупција!

Веста ја изненади и возбуди јавноста, која со неверување и љубопитност ја следи оваа трансформација. Сега, љубопитноста,  толку карактеристична за македонскиот менталитет, се искачи на највисоко ниво – секој втор граѓанин се прашува на што се должи оваа промена.

Повеќе од кога било, граѓаните бараат одговори: Кој собра храброст да каже „НЕ“ на уцените, митото, перењето пари и сите други облици на корупција? Кој и како го промени нашиот менталитет и поттикна да се крене гласот и урне ѕидовите на молчењето?

Во меѓувреме, независно од сѐ, ова е момент на гордост, но и на очигледна активирана свест за решителна акција за градење на општество кое вистински го заслужуваме, општество каде правдата, транспарентноста и чесноста ќе бидат темелите на секој наш ден.

* содржината на овој текст е фиктивна, но може да влијаеме таа да стане реалност, од нас зависи!

ПР објава

Слично

Поврзани вести