Хотел во кој добиваш повеќе отколку што плаќаш
Новиот хотел во Берлин на своите гости им нуди и „услуга“ која не ја платиле - ѕидовите од стаклата им овозможуваат на случајните минувачи да ги видат сите гости на хотелот, дури и во тоалет.
Грешката во дизајнирањето на хотелот „24 часа Хотел Бикини Берлин“ довела до тоа минувачите да можат да ѕирнат во тоалетите на хотелските соби.
Овој хотел има само 10 ката, а со оглед на тоа дека ѕидовите на купатилата се направени од стакло, било кој минувач има прилично детален поглед на тоа што се случува во хотелските тоалети.
Откако во неколку случаи кога минувачи ги сликале гостите додека во тоалет вршат порба, хотелот се чувствувал должен да ги предупреди гостите на овој проблем, па истакнале известување: „Ве молиме бидете внимателни, мајмуните не се единствени кои гледаат“.
Ако се прашувате откаде одеднаш мајмуни во целата приказна, тоа е затоа што хотелот се наоѓа во близина на зоолошка градина во Берлин.
