Холивуд со катастрофална филмска сезона, најлоша заработка со години
Холивуд се надева дека неколку премиери за време на празничната Божиќна сезона со Star Wars: Rogue One и Arrival ќе ја спасат годината која е една од најкатастрофалните во последно време со само два филма кои надминаа над 1 милијарда заработка и тоа eдвај.
Првото место на бокс офисот го држи Капетан Америка: Граѓанска војна, а зад него е Зутопија, оригиналниот анимиран филм. Топ 10 листата ја исполнија како што се очекуваше семејни анимирани филмови Барајќи ја Дори, Книга за џунглата, Сирената и Тајниот живот на милениците и уште неколку филмови со супер-херои кои ги има премногу.
Годинава полошо од очекувањата поминаа вредни филмски франшизи како Star Trek, Indipendence Day 2, The BFG на прославениот Спилбер, потоа новиот Џејсон Борн кој не надмина 350 милиони долари, како и Alice Through The Looking Glass со Џони Деп. Публиката е веќе презаситена од лоши филмови кои се само продолженија и преработки на стари хитови без никаква оригиналност.
Слично
