Економија, финансии, бизнис

Контакт

Холанѓаните – најголемите вљубеници во Охрид

Холанѓаните – најголемите вљубеници во Охрид

Македонскиот бисер Охрид се повеќе станува привлечна дестинација за странците. Меѓу најбројните кои купуваат станови и викендички според охридскиот веб сајт охриѓани.мк се Холанѓаните.

„Половината од становите коишто во Пештани ги изгради групацијата “БНЦ“ од Амстердам се веќе купени од Холанѓани, а од агенцијата што посредува во продажбата велат дека и за другите се заинтересирани не само жители на Холандија, туку и од други земји“, пишува сајтот.

Од Општина Охрид информираат дека веќе пет-шест години има поединечни случаи, а помасовно купување недвижнини од странци е забележано од минатата есен. Така, во градот и околината денес се вдомени неколку десетици холандски семејства, а ги има и од други европски земји, се додава во текстот објавен на сајтот.

 
Слично

Поврзани вести