Холандско-македонска Стопанска Комора NL Chamber има нов претседател
На вчерашното собрание членовите на Холандско-македонската Стопанска Комора NL Chamber ја избраа Олгица Наумовска за нов претседател. “Целта ми е заедно да привлечаме уште повеќе холандски компании,” рече Наумовска.
NL Chamber има вкупно 54 членови, од кои 59% се холандски компании кои
имаат свои подружници во Северна Македонија. “Особено во последните
неколку години повеќе холандски фирми започнаа во Северна Македонија во
областа на ИКТ и Business Process Outsourcing, вработувајќи стотици млади,“
рече Боб Смит, извршен директор на Комората.

Олгица Наумовска (44) е директор на холандксата ИТ компанија ХСО Глобал Сервицес во Скопје. На собранието беше избран и Дејан Иваноски како член на Управен Одбор. Иваноски (38) е директор на холандската ИТ компанија Симфони Солутионс во Скопје. Третиот член на Управен Одбор веќе започна свој мандат во 2018-та год.: Филимена Радонјанин (50) е ко-сопственик на македонската компанија за дезајн и производство на тапациран мебел, Фејдом.
За неговата 10-годишна поддршка за основање и развој на Комората,
претходниот претседател, холанѓанецот Вим Вестен од фирмата Вимафасхион
во Кочани, беше награден со првиот почитен членство во хисторијата на
Комората.
