Економија, финансии, бизнис

Контакт

Холандски програми за поддршка на мали и средни бизниси од Македонија

Холандски програми за поддршка на мали и средни бизниси од Македонија

Денес се одржа презентација на холандските владини програми за поддршка на Македонски мали и средни компании. Целта на презентацијата беше промоција и поттикнување на интересот за користење напрограмите од страна на македонските мали и средни претпријатија.

unnamed (2)

Холандските програми нудат бесплатна помош на македонските претпријатија, во вид на трансфер на знаења за унапредување на компаниите од страна на холандски експерти, субвенции за испитувања на пазарот и инвестиционите можности, финансиска поддршка на мали и средни бизниси,како и програмаза обуки на македонски менаџери во Холандија и размена на искуства со нивни холандски колеги.

Меѓу другото беше презентиран и бизнис порталотwww.balkanbusiness.nl кој нуди бесплатни деловнии нформации и бизнис вести од Холандија, Албанија, Македонија и Косово. Порталот вклучува низа функционалности како алатка за спојување на компании кои нудат или се заинтересирани за соработка. Користењето на сите функционалности на порталот е бесплатно.

Присутни на настанот беа бизнис консултанти и претставници од владини и невладини организации кои соработуваат и го поддржуваат приватниот сектор.

unnamed (3)

Присутните беа поздравени од холандскиот амбасадор Н.Е. г-дин Воутер Пломп кој искажа задоволство за покажаниот интерес за програмите на холандската влада и упати поддршка за интензивирање на холандско-македонската бизнис соработка.

Слично

Поврзани вести