Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАЛКБАНК со промоција на КОМФОРТ станбениот кредит на Саемот на Градежништво

ХАЛКБАНК со промоција на КОМФОРТ станбениот кредит на Саемот на Градежништво

Халкбанк АД Скопје со задоволство Ви го најавува присуството на 14тиот Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 7миот RealExpo - Меѓународен саем на недвижности кој ќе се одржи од 28-ми февруари до 4-ти март 2017 на Скопски Саем.

Воедно Халкбанк АД Скопје Ве очекува сите заинтересирани да дојдете да не посетите на нашиот штанд на влезот во првата хала, со цел запознавање со атрактивните услови на нашиот нов КОМФОРТ – Станбен кредит, дизајниран за да Ви овозможи поголем простор и комфорт во Вашиот нов дом, каков што посакувате.

Заштедете на камата, но не и на комофрен живот искористувајќи го станбениот кредит на Халкбанк со 3,5% фиксна каматна стапка за првите три години, и најповолната 4,8% варијабилна каматна стапка за останатиот период.

Разгледајте ја богатата и разновидна понуда на станови, и веднаш добијте решение и финансиска понуда од страна на претставниците на Халкбанк кои покрај на штандот на Банката, ќе бидат присутни и на штандовите на градежните компании Дабар, ЗСФ, ГолденАрт, Трим&Лум, Хантерс и Фабрика Карпош Скопје.

Плус, со секоја апликација за станбен кредит добијте бесплатно електронско банкарство и Mastercard Contactless кредитна картичка без чланарина за првата година.

Живејте комфорно со станбениот кредит на Халкбанк!

Ваша,

Халкбанк АД Скопје

Слично

Поврзани вести