Економија, финансии, бизнис

Контакт

Халкбанк со поддршка на четвртото издание на Beach Film Festival Ohrid 2021

Халкбанк со поддршка на четвртото издание на Beach Film Festival Ohrid 2021

Од 21 до 25 јули, на плажата Горица 3 во Охрид ќе се одржи четвртото издание на Фестивалот на новиот европски филм - Beach Film Festival. И годинава, спонзор на фестивалот кој со својот иновативен концепт се издвојува од досегашните фестивалски стандарди, е Халкбанк АД Скопје која е силен поддржувач на филмската уметност и македонската култура воопшто, како еден од најсуштинските делови на секое општество.

Beach Film Festival е настан кој е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен. Овој мултимедијален и мултидисциплинарен настан има примарна цел да го поттикне дијалогот, критичкото размислување и делувањето инспирирано од проекциите на новиот европски филм.

Во текот на четирите фестивалски денови, ќе бидат прикажани повеќе долгометражни и  краткометражни филмови во рамките на тематските програми, а дел од програмата на Beach Film Festival ќе бидат работилници и предавања.

ПР објава

Слично

Поврзани вести