Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАЛКБАНК присутна на Саемот на Градежништво

ХАЛКБАНК присутна на Саемот на Градежништво

Халкбанк АД им се заблагодарува на сите посетители кои дојдоа да ги посетат на Саемот за Градежништво кој беше одржан од 01 до 5-ти март 2016 во Метрополис Арената, со цел запознавање со атрактивните услови на нивните кредитни и депозитни производи.

image4 (3)

„Разгледувајќи ја богатата и разновидна понуда на станови, посетителите имаа можност веднаш да добијат и соодветно решение и финансиска понуда од страна на претставниците на Халкбанк кои покрај на штандот на Банката, беа присутни и на штандовите на градежните компании ГолденАрт, Трим&Лум, Дабар, ЗСФ и Фабрика Карпош Скопје.

IMG_3382 (2)

Сопствен дом е желба на секоја личност. Халкбанк АД Скопје преку соодветни финансиски решенија ја направи вашата желба полесно остварлива. Со цел воспоставување на трајни релации со клиентите, креираше станбен кредит чии што услови се наменети за остварување на Вашите желби“, соопштија од Банката.

IMG_0126

Халкбанк АД Скопје во изминатата година се покажа како Банка која постојано расте и ја зацврстува својата позиција на пазарот, преку  иновативност и достапност до клиентите, континуирано проширувајќи ја својата мрежа на филијали и збогатувајќи ја палетата на производи кои ги задоволуваат потребите на сите граѓани.

_____ ________

Сите оние кои не успеавте да ги посетите, а сепак би биле заинтересирани за нивните производи и услуги, може да ги посетите во нивните филијали и подетално да се запознаете со условите и предностите кои ги нуди Халкбанк.

Слично

Поврзани вести