Економија, финансии, бизнис

Контакт

Халкбанк добитник на награда за одржлив развој за иницијативата „Милион садници“

Халкбанк добитник на награда за одржлив развој за иницијативата „Милион садници“

Халкбанк ја доби наградата за одржлив развој во категоријата „Животна средина“, за проекти и иницијативи во областа на климатската акција и зачувувањето на природата, која ја доделуваат Министерството за економија и Клубот на одговорни бизниси - Конект. Признанието е доделено за иницијативата „Милион садници“, еден од најзначајните проекти во рамките на платформата ХалкЕко, преку која банката веќе години наназад активно придонесува кон заштита и унапредување на животната средина. Особено значајно е што Халкбанк беше единствена номинирана компанија во оваа категорија.

Како општествено одговорна компанија, Халкбанк верува дека одржливиот развој не е само деловна определба, туку и обврска кон заедницата и идните генерации. Токму затоа, во 2019 година беше создадена платформата ХалкЕко, која прерасна во долгорочно движење за поттикнување на еколошка свест, одговорно однесување и конкретни активности насочени кон создавање поздрава и позелена средина.

Во изминатите години, преку ХалкЕко беа реализирани бројни проекти за пошумување, озеленување и уредување на јавни простори, поставување урбана опрема, едукативни активности и иницијативи кои ги обединуваат граѓаните, институциите, компаниите и граѓанските организации околу заедничка цел – подобра животна средина за сите.

Иницијативата „Милион садници“ претставува еден од најамбициозните еколошки проекти на банката и симбол на нејзината долгорочна заложба за создавање зелена иднина. Преку континуирано пошумување и поддршка на активности за обновување на шумските површини, проектот придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот, заштита на биодиверзитетот и ублажување на последиците од климатските промени.

Покрај пошумувањето, ХалкЕко денес опфаќа широк спектар активности, од промоција на одржлива мобилност и велосипедизам, преку поддршка на зелени урбани решенија и еколошки и спортски настани, до поттикнување на еколошки навики кај граѓаните преку иновативна дигитална алатка и партнерства со организации кои ги споделуваат истите вредности.

„Ова признание претставува потврда дека вистинските промени се создаваат преку долгорочна посветеност, континуирана работа и искрена грижа за заедницата. За Халкбанк, наградата е мотив да продолжи уште поинтензивно да инвестира во иницијативи што оставаат трајна вредност за природата, луѓето и идните генерации“, велат од Халкбанк.

Бидејќи важни се луѓето, важна е и средината во која живеат, Халкбанк ќе продолжи да создава проекти кои не само што придонесуваат за економски развој, туку и за поздрава, позелена и поодржлива Македонија.

ПР објава

Слично

Поврзани вести