Економија, финансии, бизнис

Контакт

Халкбанк АД Скопје со поддршка за овогодинешната „Галичка свадба“

Халкбанк АД Скопје со поддршка за овогодинешната „Галичка свадба“

Галичката свадба е уникатна манифестација во Македонија која претставува вистински приказ на богатата култура , традиција и обичаи во земјата, која со своето опстојување придонесува да се зачуваат единствените песни, свадбарски обичаи и ритуали на жителите од село  Галичник, на планината Бистра.

Оваа година по 44-ти пат , двајца избрани млади ќе се венчаат според единствени свадбарски обичаи и ритуали во село Галичник, за време на празникот Петровден.

Секој Петровден, во јули, е ден на раскошните носии, езгиите, величествените обреди и ритуали на Галичката свадба, која дополнително значење доби со  влегувањето во ризницата на духовни вредности на човештвото што се под заштита на УНЕСКО.

Халкбанк АД Скопје со огромна чест и задоволство,  се јавува како спонзор  на овој посебен настан и ја даде својата поддршка со цел негување и поддршка на културата и традицијата во Р.Македонија.

Халкбанк ,  како Банка која што се труди да допринесе за зачувување на културните вредности и афирмирање на културата  преку својата подршка  за заедницата во проекти кои се од посебна важност и значење за истата, уште еднаш  ја покажа  својата определеност како Банка на народот.

Овој викенд , заедно со илјадниците посетители од земјата и странство, Халкбанк ќе биде дел од еден автентичен настан каде се слави стапувањето на брак и прославувањето на љубовта помеѓу двајца млади на еден навистина посебен начин , кој привлекува се поголема публика од година во година.

Организаторите и годинава очекуваат голем број посетители од земјава и од странство да ја проследат манифестацијата, па доколку планирате да се упатите овој викенд кон Галичник ви посакуваме незаборавен помин во живописниот Галичник!

Слично

Поврзани вести