Халк Вело Грин, првата хронометар велосипедска трка ќе се одржи утре во Маврово
Халкбанк ве поканува да ја проследите трката Халк Вело Грин,
првата хронометар велосипедска трка што ќе се одржи утре, 8 Септември, во
Маврово.
Трката е во организација на Халкбанк АД Скопје, како дел од HalkEco платформата чија цел е поттикнување на здрави животни навики и придонесување за подобра животна средина, а учесниците ќе се натпреваруваат во две категории според тежина на патеката, ПРО и ХОБИ.
Почетна точка на трката е пред Хотел Спорт, кон Хотел Радика па назад до Хотел Спорт.
Слично
