Хали Бери: Кога бев бездомничка мајка ми не ми даваше пари
Атрактивната холивудска актерка Хали Бери открива дека еден период од животот го поминала како бездомничка. Таа на 18 годишна возраст се преселила во големиот град Њујорк но, немала работа и престојувала во центар за бездомници.
За тој период барала пари од нејзината мајка, но таа одбила да и прати помош. Тешката ситуација ја натерала да најде начин за успех и сега вели дека не и замерува на мајка и за тоа и е благодарна.
Хали Бери ја доби најпрестижната награда Оскар но, во последните години кариерата не и оди во нагорна линија појавувајќи се во многу лоши филмски остварувања.
Слично
