Економија, финансии, бизнис

Контакт

H&M ќе инвестира 115,5 милиони долари во нови продавници

H&M ќе инвестира 115,5 милиони долари во нови продавници
Индија го отвара пазарот за странски инвеститори, за да го стимулира економскиот раст. Една од најголемите модни компании за продажба на мало Hennes & Mauritz (H&M) доби извршно одобрение од властите во Индија да отвори продавници во оваа земја. Шведската компанија планира да инвестира 115,5 милиони долари во отварањето на 50 продавници во цела Индија. Азиската земја го отвори пазарот за странски инвеститори, кои се бават со трговија на мало во обид да го стимулираат економскиот раст. Од своја страна компании како H&M се склони да работат на развојни пазари како Индија, за да го поттикнат понатамошниот раст. Во Септември шведскиот моден гигант забележа раст во добивката благодарение на продолжениот раст во Азија. Компанијата објави дека има нето заработка во размер од 4,4 милијарди шведски круни (690 милиони долари) за третото тромесечие од годината, како и 22% раст наспроти истото тромесечје минатата година. Големата продажба во Кина и Јапонија дадоа силен придонес врз заработката, но компанијата забележа раст и на европските пазари. Индија е третата по големина економија во Азија и H&M се надева, дека растот на населението ќе доведе до зголемување на побарувачката на гардероба. Во Ноември оваа година британската компанија за продажба на гардероба Marks & Spenser, го отвори во Мумбаи најголемиот продажен салон во Индија.   Иако H&M е компанија која е присутна на пазарите во речиси сите соседни земја, шведскиот гигант се уште нема потврдна одлука за инвестиција во Македонија. Пред извесно време во центарот на Скопје се појави името на овој моден гигант во, но за жал на потрошувачите од централата одговорија дека сепак нема да влезат на македонскиот пазар. H&M, важи за бренд кој нуди висок квалитет на гардероба, но во споредба со останатите светски познати брендови нуди пониски цени. Веројатно ова е и главната причина што во време на криза компанијата бележи раст на речиси сите пазари, без разлика дали станува збор за Азија или Европа. К.К.
Слично

Поврзани вести