Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гугл во чест на математичарката Ањези

Гугл во чест на математичарката Ањези

Глобалниот интернет пребарувач „Гугл“ на својата почетна страница потестува дека на денешен ден пред 296 години е родена Марија Гаетана Ањези. Италијанската математичарка ги напишала: „Основните анализи“, едно од првите и најкомплетни дела за диференцијално и интегрално сметање.

Италијанката Марија Гаетана Ањези е родена во 1718 година. Позната е по допринесот кој го дала за  диференцијално и интегрално сметање.

 Била чудо од дете, а на 20 години го напишала делото „Тези за филозофијатa“ и почнала да го пишува своето капитално дело „Основните анализи“.

Книгата е објавена дури десет години подоцна, 1748 година во Милано како едно од првите и најкомплетни дела за диференцијално и интегрално сметање.

Гаетана Ањези била член на Академијата на науките во Болоња. Починала 1799 година.

Слично

Поврзани вести