Гугл се жали на рекордната казна од европските власти
Американскиот интернет гигант Гугл се жали на рекордната казна од европските антимонополски власти од 2,4 милијарди евра, која на таа компанија и е изречена поради фаворизирање на сопствени услуги за онлајн купување, пренесуваат агенциите.
Жалбата е доставена до Европскиот суд за правда во Луксембург.
Со поднесувањето на жалбата, не се суспендира казната, што значи дека Гугл и понатаму има обврска да ја плати.
Официјален Брисел во јуни иму изрече рекордна казна на Гугл по основ на обвинение за давање предност на своите услуги во резултатите на пребарувањето, што ја загрозува конкуренцијата, како што се TripAdvisor и Expedia.
Гугл тогаш доби рок од 90 дена да ја испочитува одлуката или во спротивно ќе се соочи со нови казни.
