Гугл планира нешто големо?
Американскиот интернет гигант Гугл потпиша договор за закуп на 60 години на аеродромите на НАСА во Мофет Фиелд, во близина на седиштето на фирмата во Калифорнија.
Како што објави НАСА, изнајмен е терен со повеќе од 40 хектари со три хангари, зградата на контролираење на летот, две писти и голф терен.
Гугл не објавил што планира со таа локација, но приоритет му е обнова на еден хангар, инаку историска зграда. Потоа, како планира НАСА, како и другите два хангари, би требало да биде искористен за „истражување“, развој, составување и тестови на подрачјето на вселенските истражувања, воздухопловство, роботика и други нови технологии“.
Закупот го потпишала Гугловата подружница Planetary Ventures, која планира во локацијата да вложи повеќе од 200 милиони долари. Закупот ќе чини вкупно 1,16 милијарди долари, додека НАСА ќе заштеди 6,3 мииони долари на година.
