Гугл го купува ветро-паркот во Холандија
Американскиот гигант Гугл соопшти дека ќе го купи целото производство на холандскиот проект за производство на енегрија на ветер со вкупна сила од 62 мегавати за напаојување на својот голем центар за податоци кој е во изградба.
Претставниците на фирмата изјавиле дека Гугл сака да обезбеди сигурност на цената како и тоа дека нивниот центар за складирање на податоци во Емсхевен во Холандија, кој треба да биде завршен во 2017, за напојување на обновените извори на енергија.
Холандскиот проект за производство на енергија на ветер исто така е уште во изградба во со Делфзијл, а вклучува 18 ветро турбини кои ќе бидат поставени на тлото на Северното море.
Гугл соопштил дека е потпишан десетгодишен договор, но не наведува финансики детали. Американскиот интернет гигант потпиша во последните две години слични договори и во Финска и Шведска.
