„Гугл“ апликација за пристап до компјутер преку Ајфон
„Гугл“ покрена iOS верзија на апликацијата „Chrome Remote Desktop“ која овозможува пристап до компјутерите од Ајфон уред. „Chrome Remote Desktop“, односно апликацијата „Оддалечена работна површина“, е замислена како би се овозможил пристап од еден компјутер на друг по пат на Интернет, објави „Гугл“.
Со помош на таа апликација може сигурно да се пристапи до личните работи или апликации, но и да им одобрите на други привремен пристап до личната работна површина.
Апликацијата „Chrome Remote Desktop“, која им овозможува на Хром корисниците пристап до персоналните „Mac“ или „PC“ компјутери преку Епл мобилни уреди, може да се инсталира бесплатно.
Како и Андроид апликации, iOS верзијата бара одговарачка Хром екстензија која се инсталира на десктоп верзијата.
Мислењата на експертите за оваа услуга се задоволувачки, тие сметаат дека оваа апликација им дава голема предност на корисниците како би можеле да го контролираат компјутерот дома или на работа.
