Губат до три дена од својот живот годишно во потрага по паркинг
Секоја година Британците губат по три дена од својот живот во потрага по место за паркирање.
Нанесените штети на автомобилите при овој маневар изнесуваат вкупно 2,6 милијарди фунти годишно, пишува весникот „Дејли мејл", цитиран од агенциите.
Од направеното истражување од осигурителна компанија Пролиќ, се гледа дека во Кардиф се губи најмногу време за наоѓање на паркинг - во просек по 52 минути секоја недела. Зад него се Глазгов со 48 минути, Бирмингем со 47 минути, Манчестер со 45 минути, Лидс со 44 минути и Лондон со 42 минути.
Во Бирмингем има најголем ризик автомобилите да бидат оштетени при паркирање. Жителите на градот се жалат на слична штета еднаш на секои 19 месеци или 3,1 пати на секои пет години.
Просечната стапка за слични оштетувања во Велика Британија е еднаш на 27 месеци. За нанесените штети при паркирање Британците плаќаат годишно околу 2,6 милијарди фунти.
