Економија, финансии, бизнис

Контакт

Групацијата Фероинвест одбележа 10 години од своето постоење

Групацијата Фероинвест одбележа 10 години од своето постоење
Учество во реализација на стотина проекти во делот на обновливи извори на енергија, производство на електрична енергија, но и изградба на првите мали хидроцентрали во Македонија, од кои се завршени 14, а се градат уште 5 хидроелектрани, се само дел од успесите на групацијата Фероинвест што одбележа 10 години од своето постоење. „Фероинвест е доказ дека се е можно ако се има добар план и идеја за бизнис. Патот е лесен ако сакате да успеете, а ако не сакате секако ќе ви биде тежок. Зад историјата на Фероинвест стои посветеност и иновативност, затоа што сме први во многу сегменти во кои делуваме, а кога сте први вие ги поставувате стандардите“, изјави генералниот менаџер на компанијата, Кочо Анѓушев. Фероинвест е меѓу првите што отвори македонска компанија за продажба на електрична енергија користејќи ги бенефитите од обновливите извори на енергија и формирајќи балансна група на потрошувачи што ќе и овозможи по либерализација на пазарот на струја да понуди најприфатлива цена за македонските компании. Фероинвест како групација ја сочинуваат компаниите Брако, Аквават, Мали хидро електрани, Езеро МХЕ, Другово-Студеница, Хидро Осогово, Еnergy maintenance solutions и Energy delivery solution. Групацијата е формирана во 2003 година и има околу 600 вработени. Компаниите делуваат во областа на металопреработувачката индустрија, на обновливи извори на енергија и на трговија со електрична енергија.
Слично

Поврзани вести