Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски во МАНУ, академиците побарале дополнителен кадар

Груевски во МАНУ, академиците побарале дополнителен кадар
Премиерот Никола Груевски се сретна со претседателството на Македонската академија на науките и уметностите. Со него беа и министерот за образование и наука Спиро Ристовски и министерката за култура,  Елизабета Канческа Милевска, На работна средба се разговарало за работата, тековните активности и проекти на МАНУ и за идните планови, соопштија од владиниот кабинет. Владата во рамките на своите можности ја поддржува работата на МАНУ, истакнал Груевски кој смета дека таквата соработка и инвестирањето во конкретни проекти во одредени области допринесе за подобрување на условите и развој на научната дејност. За претседателот на МАНУ, академикот Владо Камбовски, досегашната соработка со Владата е добра, а доказ за тоа е инвестирањето во научни лаборатории и нова опрема. Сепак од МАНУ било укажано за кадровскиот дефицит посебно при реализација на истражувачки проектите од истражувачка дејност. Груевски пак ветил дека сериозно ќе го разгледа овој проблем. Во текот на средбата се разговарало за активноста на МАНУ во општествената сфера и дејствувањето околу актуелните прашања важни за Македонија, за економија и за надворешна политика.
Слично

Поврзани вести