Средба на Груевски и Ван Ромпуј во Брисел
Денеска во Брисел македонскиот премиер Никола Груевски ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет, Херман ван Ромпуј. Оваа средба се одржува на десетина дена од претстојниот Самит на ЕУ, каде ќе се расправа за почеток на пристапните преговори со Македонија. односно за петтата препорака од Европската комисија.
На 17 декември, на состанокот меѓу министрите за надворешни работи на Советот за општи работи на Европската унија, ќе биде објавен заклучокот за Македонија. Претходните години, по пораките за Македонија, Европскиот совет ја прифаќа препораката на Европската комисијата, но се појаснуваше дека на ова прашање ќе се навратат на следното претседателство.
Според најавите, Груевски ќе учествува и на форумот во организација на европската канцеларија на германската невладина организација „Конрад Аденауер", ќе има средба со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија и ќе ја посети Универзитетската клиника во Лувен.
Слично
