Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гроздобер во Кавадарци, извезени се 6 илјади тони грозје

Гроздобер во Кавадарци, извезени се 6 илјади тони грозје
Гроздоберот во кавадаречко се одвива без проблеми, информираше денеска претседателот на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија” Љупчо Аризанов. Тој посочи дека досега се извезени околу два милиона килограми десертно, односно четири милиони килограми винско грозје. Извозот е направен преку царинската испостава во Кавадарци. „Извезените количини на трпезно и винско грозје се многу поголеми. Овие податоци што ние ги имаме се само за извозот кој се одвива само преку царинската испостава во нашиот град“, изјави Аризанов кој додаде дека и понатаму останува интересот за извоз на грозје од овој реон.
Слично

Поврзани вести