Економија, финансии, бизнис

Контакт

Grouper со нова кампања: Доживеј ја Македонија!

Grouper со нова кампања: Доживеј ја Македонија!

Водечкиот сајт за групни попусти Grouper.mk кој постојано нуди нови искуства, доживувања и патувања за своите коирнсици по најдобри цени, овој пат изненадува со нова кампања фокусирана на нашата Татковина! Кампањата со слоган Доживеј ја Македонија има за цел да ги мотивира граѓаните да ја прошетаат Македонија преку секојдневно објавување на атрактивни понуди со големи попусти за хотели, вили, ресторани и тури низ кои се опфатени сите региони во земјава.

Во контекст на оваа кампања тимот на Grouper го прогласува револуционерниот месец октомври за месец на Македонија!Зошто Октомври?Прво - овој месец има два продолжени викенди; второ – времето е супер за шетање, ни премногу топло, ни премногу ладно;трето есента сама по себе е одличен период за шетање.

Покрај сместувањето на големи попусти по Grouper цени, секоја понуда соджи Grouper водич кој препорачува места вредни за посета во околината, па така корисниците ќе имаат можност да уживаат во недопрената природа на Македонија, да вкусат традиционална храна, да возат велосипеди на Галичник и многу други активности.

На следниот линк http://grouper.mk/tag/dozivej-ja-makedonija можете да ги погледнете сите активни зделки со кои стартува оваа кампања и да си го најдете вашето ново омилено место во Македонија.

Oд Grouper велат дека зделките за нови угостителски и туристички објекти ќе се обновуваат на дневно ниво, и постојано ќе се објавуваат нови попусти за нови македонски локации. Во моментов меѓу стартните зделки можете да најдете понуди за сместување во групер

с.Јанче      Галичник      Берово      с.Брајчино      Вевчани      Пониква      Охрид      Маврово      Крушево 

Ако ве интересира повеќе за идејата на тимот на Grouper за оваа кампања прочитајте го нивиот БЛОГ пост http://grouper.mk/blog/dozhivej-ja-makedonija/

Одберете ја Вашата Grouper зделка, уживајте во убавините на нашата земја и споделете го Вашето ново доживување со хаштагот на кампањата #доживејјаМакедонија!

Слично

Поврзани вести