Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гравот поскапува – зелката поевтинува

Гравот поскапува – зелката поевтинува
Во текот на септември, на македонските пазари најмногу поскапеле гравот, кромидот, краставиците и портокалите, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, споредено со септември минатата година. Од ДЗС  пак забележуваат дека  пад на цената најсилно се забележува кај доматите, лукот, карфиол и зелка. Кога станува збор пак за продажбата на овошје и зеленчук на пазарите на големо минатиот месец, има одредени поместувања. Така,  споредено со ланскиот септември, оризот, кромидот, краставиците и бананите имаат најголем раст на цената. Најмногу поевтинеле пак, доматите, модриот патлиџан, лубеницата и зелката. Гравот сега на пазарите се продава по цена од 130 до 180 денари за килограм. Цената на зелката се намалува на околу 20 денари за килограм.
Слично

Поврзани вести